Лајонс клуб Вардар од Скопје успешно ја финализираше локалната фаза од глобалната иницијатива на Lions Clubs International – „Постер на мирот“. Оваа традиционална акција има за цел да ги поттикне младите ширум светот креативно да го изразат своето видување за мирот и меѓусебното разбирање.

Во рамки на овогодинешната акција, остваривме значајна соработка со ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје. Под менторство на професорката по ликовна уметност, Даниела Андонова, учениците изработија ликовни творби инспирирани од темелните вредности на мирот.
По повод официјалното предавање на детските изработки, Претседателот на Лајонс клубот Дражен Котески и врачи Благодарница на професорката Андонова, оддавајќи признание за нејзиниот исклучителен придонес во промоцијата на хуманитарните вредности и активното вклучување на младите во меѓународни иницијативи.
Лајонс клуб Вардар продолжува да поддржува проекти кои го поттикнуваат лидерството, креативноста и општествената одговорност кај младите генерации под мотото „Ние служиме“.
