ЗА КЛУБОТ
Во срцето на заедницата, секоја потреба е повик за делување. Како дел од Lions International и Lions District 132 – North Macedonia, создаваме партнерства, иницираме хумани акции и оставаме трага таму каде што помошта е најпотребна.
ЛК Вардар е заедница на луѓе кои веруваат дека хуманоста не е еднократен гест, туку траен начин на делување. Ние ги препознаваме реалните потреби, разговараме со луѓето и институциите на терен и поддржуваме решенија што носат достоинство, надеж и долгорочна корист.
Нашата сила е во заедничката работа: членовите, волонтерите, партнерите, младите и сите граѓани кои сакаат да помогнат. Секој час посветен на другите, секоја донација и секоја соработка можат да станат дел од промена што се чувствува.
ШТО РАБОТИМЕ
Есенски хуманитаерн излет исполнет со дух, пријателство и хуманост
Викендот што измина го посветивме на традиционалниот есенски хуманитарен излет на Лајонс клуб Вардар, ден исполнет со инспирација, културно наследство […]
Повеќе...Лајонс клуб Вардар додели благодарница
Лајонс клуб Вардар од Скопје успешно ја финализираше локалната фаза од глобалната иницијатива на Lions Clubs International – „Постер на […]
Повеќе...Лајонс клуб Вардар и ООУ „Лазо Трповски“ ги здружуваат силите за едукација и поддршка на младите
Денес, Лајонс клуб Вардар Скопје и Општинското основно училиште „Лазо Трповски“ – Скопје официјално ја запoчнаа својата соработка со потпишување […]
Повеќе...ЛАЈОНС ПОЛИЊА НА ДЕЛУВАЊЕ
ВИД
ГЛАД
ДИЈАБЕТЕС
ДЕТСКИ КАРЦИНОМ
ЖИВОТНА СРЕДИНА
МЛАДИ
ПОМОШ ПРИ КАТАСТРОФИ
