Успешно реализирана крводарителска акција

Хуманоста, солидарноста и заедничката посветеност беа во фокусот на успешно реализираната крводарителска акција, организирана во партнерство меѓу Ротари клуб Скопје Исток, Лајонс клуб Вардар и Црвениот крст на РСМ, Општинска организација Карпош.

Во рамки на акцијата, 40 лица даруваа крв, покажувајќи дека солидарноста и подготвеноста да се помогне на друг човек се вредности кои ги обединуваат луѓето и организациите околу една заедничка цел.

Оваа иницијатива, која се реализира втора година по ред, претставува пример за значењето на меѓусебната соработка, граѓанската одговорност и активното учество во создавањето подобра и похумана заедница. Со здружување на силите, ресурсите и волјата за добротворна работа, трите организации продолжуваат да поттикнуваат позитивни промени и да ја промовираат културата на доброволно крводарување.

Благодарност до сите крводарители кои одвоија време и го направија овој хуман чин, како и до сите кои придонесоа акцијата успешно да се реализира.

Дарувањето крв е дарување надеж, можност и живот.

Заедно можеме повеќе. Заедно служиме!

#LionsClubVardar #RotaryClubSkopjeEast #CrvenKrst #WeServe #RotaryInAction #BloodDonation #ДарувајКрвПодариЖивот #Humanity #Solidarity #TogetherWeServe

Scroll to Top