Лајонс клуб Вардар се приклучува на втората по ред крводарителска акција организиарана од Ротари клуб Скопје Исток, со цел заеднички да придонесеме кон спасување човечки животи и поддршка на заедницата. По успешниот почеток на оваа хумана иницијатива минатата година, соработката продолжува и се проширува со вклучувањето на ЛК Вардар, заедно со Црвениот крст на РСМ, Општинска организација Карпош.
Акцијата ќе се одржи на 14 ноември, сабота, од 11:00 до 16:00 часот, во објектот на Црвениот крст Карпош, на улицата Орце Николов бр. 155-В во Скопје.
Секој здрав човек на возраст од 18 до 65 години може да се приклучи и да стане дел од оваа хумана иницијатива. Учесниците треба да понесат документ за лична идентификација.
Заинтересираните граѓани можат да се пријават преку следниот линк.
Ги повикуваме сите хумани граѓани, пријатели и поддржувачи да ја споделат поканата и да се приклучат на акцијата. Со заеднички ангажман и солидарност можеме да направиме вистинска разлика, бидејќи една дарувана единица крв може да спаси човечки живот.
Дарувај крв, подари живот! Заедно да продолжиме да служиме и да правиме добри дела.
